Овесна каша со банана и цимет

од Stefanija Kuzmanovska

Здрав појадок или ужина за само неколку минути.

Состојки:

(за 1 лице)

– 5 лажици овесни снегулки

– 2,5 дл јогурт со малку маснотии

– цимет, по вкус

– 1 банана

Подготовка:

Прелијте го јогуртот врз овесните снегулки и оставете да отстои еден час или преку ноќ во фрижидер во стаклена тегла.

Додадете сечкана банана веднаш пред консумирање и посипете со цимет, по вкус.

Слични содржини