Овие 7 секојдневни нешта ja утупуваат острината на умот, правете ги помалку

од Vladimir Zorba
86 прегледи

Добиваш ли впечаток дека мозокот ти станува побавен? Дали ти се чини понекогаш дека не успеваш да примиш важни информации толку лесно како порано, или дека меморијата не може да задржи некои од работите што ги правиш? Може да се покаже дека причината е во работи кои ги правиш секојдневно што токму таму се крие причината мозокот да ја губи силата.

1476276866-efgw

Ние сме во тешка зависност од работите кои ни носат информации. Имаше сепак времиња во кои немавме проблем да го следиме рејтингот на тимовите во нашиот омилен спорт или дури играчите во тимовите.

Е, тука правиме обид да собереме некои од работите кои ја уништува нашата интелигенција, но за кои сме си виновни самите. Може пак да сме во состојба да го вратиме процесот и да си ја вратиме острината на умот.

Прекумерна употреба на медиумски уреди

Да поминуваш цело време зјапајќи во телефонот и да гледаш низ Facebook представува плаќање на многу тежок данок за интелигенцијата . Клукачките статии низ нетот не се точно постмодернистичка литература. Тие не го развиваат мозокот , уште помалку интелектот . Напротив – го подучувааат мозокот да префрла побрзо од нормалното, што ја намалува твојата можност за фокусирање.

Мултимедијален мултитаскинг (извинување за изразот)

Слично на употребата на медиумските уреди, употребата на многу различни уреди истовремено работи во насока на физичка контракција на мозокот. Според невролози, активности како гледање телевизија во комбинација со пишување на SMS-и ја намалуваат густината во области на мозокот, поврзани со когнитивната функција и емоционалната контрола.

Премногу телевизија

Во рок од неколку минути откако ќе си ја пуштиш омилената телевизиска драма, мозокот ти се исклучува и престанува да презема информации. Ова дефинитивно влијае на острината на умот и ја намалува способноста да примаш важни информации.

Нурнати во Google

Google може да ти каже сè, буквално сè. Интернетот е онлајн енциклопедија за сè, од сите сфери и можеш да ги вадиш сите информации лесно и брзо. НО: тоа не тера да се чувствуваме многу попаметни отколку што сме во реалноста, а на сето одозгора нема гаранција дека информациите што ги наоѓаме се 100% точни.

Недоволно спиење

Сонот е клучен за нашата способност да прифаќаме информации и за процесот на обработка на спомени и емоции. Сонот помага на мозокот да се фокусираме и да правиме стратегија на однесување, па недостатокот може да е опасен за нашата интелигенција. Препорачаната доза спиење за возрасен човек е 7-8 часа, но многу луѓе добиваат 5-6, дури помалку.

Штетна храна

Исхрана со многу масти и многу шеќер може да влијае на когнитивната функција и способноста да се поставуваш и прилагодуваш на различни ситуации. Го оставаме без коментар ефектот врз надворешниот твојот вид. Нови истражувања докажуваат дека усвојувањето на многу шеќер може да влијае сериозно врз можноста да паметиш, што е особено фатално за млади умови.

Премногу вежбање

Прекумерно тренирање те истоштува физички, а тоа може да доведе до хроничен физички, но и ментален замор. Честа појава во современото општество е младите да се носат до работ во салата, само за да изгледаат како симнати од корица на списание, но тоа влијае на меморијата, когнитивната функција и како целина врз острината на умот.