Овие холивудски парови сакаат да експериментираат во кревет и тоа не го кријат

Во Холивуд често се слушаат приказни за ексцентрични парови кои се впуштаат во разни сексуални експериментирања, од огрии, свигерство до отворени бракови. Иако некои се кријат, други отворено зборуваат за своите искуства.

Ова се некои од славните парови кои се одлучиле малку да го „зачинат“ својот брак или врска, а за некои од нив навистина ќе се изненадите.

1. Вил Смит и Џејда Пинкет Смит

Тие се во брак 22 години па затоа и не не чуди што одлучиле малку да го „зачинат“. Смит и порано признал дека тој и неговата жена имаат договор околу тоа дека смеат да спијат со други луѓе, се додека и двајцата се сложат дека тоа е во ред.

„Ние сметаме дека не треба да се избегнува нешто што е природно“, рекол Вил.

2. Деми Мур и Ештон Качер

Мур и Качер наводно учествувале во неколку тројки додека се уште биле заедно. Според раскажувањата на луѓето блиски до Деми, таа бисексуалка и често носела други жени за да има секс со нив, а и Ештон го правел истото.

3. Меган Бокс и Брајан Остин Грин

Наводно, на згодната актерка и е дозволено да биде со други мажи, додека на Грин му е строго наредено да биде верен.

4. Џулија Луј Драјфус и Бред Хол

Во Холивуд се борува дека поранешната ѕвезда на „Seinfeld“ и нејзиниот сопруг Бред Хол си дозволуваат еден на друг да спијат со други луѓе па на тој начин го разбрануваат својот брак во кој се од 1987 година.

5. Анџелина Џоли и Бред Пит

Анџелина еднашка изјавила дека не смета дека верноста е важен дел од врската, исто така и дека ниту таа, ниту Пит не веруваат во тоа дека заедничкиотживот значи дека мораат да бидат „врзани“.

6. Пинк и Кери Харт

Се зборува дека пејачката Пинк и нејзиниот сопруг Харт на кратко се обиделе да бидат во отворена врска, но брзо престанале бидејќи тоа предизвикало премногу драми во бракот.

Слични содржини