Романтичните врски обично се одржуваат додека последната капка не ја прелие чашата на едната страна, а тоа може да им се случи на четири хороскопски знаци оваа недела.
Имено, од 14 до 20 август е време за промени, а некои од знаците ќе сфатат дека не можат повеќе вака да продолжат. Соберете храброст и направете чекор кон новото животно поглавје.
Лав
Некои Лавови веќе подолго време размислуваат да ја прекинат врската, но се уште не собрале сили тоа да му го соопштат на партнерот. И покрај тоа што не се чувствувате како да сте го потрошиле времето со таа личност, сфаќате дека има нешто повеќе за вас. Моменталната ситуација не ви носи среќа, па време е да направите некои промени во вашиот живот. Завршувањето на врската е вистинското решение за вас и почеток на новото животно поглавје.
Стрелец
Иако Стрелците се многу посветени во врската, сепак сфаќаат дека ги изгубиле чувствата за партнерот, па останувањето во врска е погрешен потег. Вознемиреноста што ја чувствувате затоа што треба да заминете ќе кулминира оваа недела, па конечно ќе одлучите да ставите крај на таа „тортура“. Другата страна ќе ве разбере и ќе ја прифати вашата одлука, а на вас е храбро да го направите тоа.
Јарец
Многу Јарци го доживеале токму она од што многу луѓе се плашат – љубовта им станала навика. Јарците тешко ги прекинуваат навиките, дури и кога се деструктивни, но оваа недела е вистинско време за промени. Направете го тој чекор за сопствената благосостојба, но и за вашиот партнер, кој како и вие заслужува искреност.
Риби
Проблемите во врските на Рибите не се новини, а вие долго време се борите со нив. И вие и вашиот партнер се обидовте да ги решите на секој начин, но се чини дека сепак нема решение. Време е да ја прифатите вистината, да престанете да се борите и да го направите неизбежното – прекинете ја врската. Не грижете се како другата страна ќе се справи, бидејќи ова е најдоброто решение за двајцата.