Овие хороскопски знаци секогаш попрво ќе изберат храна наместо секс

од Stefanija Kuzmanovska
452 прегледи

И додека некои би дале се за жешка акција со партнерот во спалната соба, има и такви кои се во состојба да заборават на се кога некој ќе спомне храна!

Кај нив изборот е едноставен: Прво богат оброк, па дури после се останато.

Еве за кои хороскопски знаци станува збор:

Бик

Дефинитивно најголемиот гурман во хороскопот. Ако Бикот треба да избере помеѓу добар секс и вкусен оброк, дефинитивно би ја избрал храната како совршен состанок.

Биковите се и најголемите хедонисти во хороскопот и секогаш знаат да извлечат максимум од животот.

Така Бикот ќе го организира животот на свој начин и ќе се погрижи водата секогаш да оди во неговата воденица. Ќе избегнува луѓе и ситуации кои му ја трошат енергијата и ќе се посвети на работи кои на крајот од денот ќе го направат подобра личност. И од сите знаци на Зодијакот, тие се најдобри во тоа.

Ако сакате да го расположите и израдувате Бикот – извадете го на вечера, згответе му нешто што досега не го пробал и засекогаш ќе го освоите неговото срце.

Рак

Обидете се да ѝ кажете на личност во знакот на Рак дека не сте гладни или дека сте јаделе! Постојано ќе се грижат дека некој огладнел. Бидејќи улогата на Ракот е да се грижи за другите луѓе, овој емотивен и сочувствителен знак секогаш ќе се погрижи да му обезбеди на тимот куп храна.

Од друга страна, самите Ракови се вистински гурмани на кои храната им создава најголема радост, дури и поголема од сексот. Кога ќе им се „скрши срцето“, тие не го губат апетитот, како и повеќето други знаци, туку утехата ја наоѓаат во храната. И тогаш сфаќаат дека храната е всушност нивната најголема љубов.

Девица

Тие играат на сигурно. Не се тип на луѓе кои ќе јадат „сешто“ само за да не бидат гладни, бидејќи сметаат дека нивното префинето непце го заслужува само најдоброто.

Иако не сакаат да пробуваат нови работи, како Ракот и Бикот, тие неизмерно ќе уживаат во вкусовите што ги сакаат. Така, најмногу пари ќе потрошат за храна, а доколку услугата не е на ниво, без двоумење ќе се пожалат.

Доколку планирате да имате секс со Девица после вечерата, може да се случи да ви каже дека е презаситена и не е расположена за такви авантури.

Слични содржини