Пребрзото заљубување може да биде многу проблематично, но овие хороскопски знаци дефинитивно немаат проблем со тоа. Се заљубуваат толку споро и претпазливо што некојпат се иритантни.

Рак
Најголемите емотивци меѓу хороскопските знаци воедно и најспоро се заљубува од едноставна причина – еднаш кога ќе се заљубат, се заљубуваат посилно од кој било друг. Раковите не прифаќаат половични решенија кога љубовта е во прашање, па поскоро ќе бидат сами, отколку во врска во која не се заљубени до уши.
Водолија
Мислат дека заљубувањето е прекрасна појава – за другите. Себеси повеќе сакаат да се видат во слободна варијанта, затоа се чуваат само за големи љубови, а во меѓувреме уживаат во комбинации.
Девица
Овој знак многу сака да се заљуби, но нешто секогаш тргнува наопаку. Девиците тешко се опуштаат и почнуваат да им веруваат на другите, затоа за нив заљубувањето е сложен процес кој често пропаѓа.
Јарец
Просечниот јарец точно знае што сака од љубовта и точно како треба да изгледа личноста која ќе ја сака. Не прифаќаат ништо помалку од идеално, а еднаш кога ќе ја пронајдат идеалната личност, многу брзо сфаќаат дека и таа има свои маани. Затоа често се одљубуваат и бараат понатаму.