Постојат луѓе што би ги оставиле дури и своите најблиски ако се почувствуваат предадени или повредени. Тие не дозволуваат никој да си поигрува со нивните чувства. Ако ги разочарате само еднаш, тие ќе заминат од вас додека да трепнете.
Овие се луѓето кои навистина тешко простуваат и не се плашат да ја прекинат својата врска дури и со оние кои многу сакаат најмногу во светот:
Овен
Тие не се лицемерни и не се преправаат дека нешто им е убаво, кога реално не им е. Во моментот кога ќе почувствуваат дека не ги почитувате доволно, тие само ќе ве остават, па дури и нема да ви дадат објаснување. Овните се многу храбри и решителни. Тие не се загрижени за понатамошните проблеми и конфронтации со предавниците. Претставниците на овој хороскопски знак се навистина многу силни личности. Не би дале втора шанса затоа што не сакаат да губат време.
Водолија
Тие секогаш се обидуваат да се стават на туѓото место. Водолиите се многу посветени и љубезни и сакаат да запознаваат нови и различни луѓе. Тие би направиле сè за да ги направат своите најблиски среќни. Затоа тие не можат да веруваат дека има луѓе кои не го ценат ова и за возврат нудат лаги и предавства. Кога некоја важна личност ќе ги разочара, тие без сомнение ја исфрлаат од нивниот живот. На моменти, можеби изгледа дека простуваат, но тоа нема да се случи.
Лав
Лавовите се вљубуваат многу брзо и затоа им треба лојален партнер за да ја споделат својата среќа. Претставниците на овој знак се многу дарежливи, љбезни и лојални. Иако нетипично за нив, некогаш многу лесно веруваат на луѓе што не ги познаваат, па затоа и некогаш се предадени. Лавовите можат да бидат вашите најверни пријатели, ако сте коректни со нив. Во спротивно, тие само ќе заминат и никогаш повеќе нема да бидете дел од нивниот живот. Колку што лесно се зближуваат, толку полесно бришат луѓе од својот живот.
Стрелец
Познати се како најпозитивни претставници на хороскопот, затоа и овие луѓе комуницираат исклучително лесно. Многу ја ценат лежерноста во комуникацијата и никако не сакаат драми. Но, ако и најмалку ги повредите и направите да се чувствуваат предадено, многу лесно ќе ви дадат до знаење дека веќе сте непосакувана личност во нивните животи.