Сигурно сте забележале дека некои луѓе ве гледаат со сомнеж, делуваат како да се лоши и не сакаат премногу близок контакт со други луѓе.

Иако повеќето од нив од раните години се однесуваат така, дел поради лошо искуство, дел поради траума, што придонеле тие да не веруваат на никому околу себе. Во овие хороскопски знаци се раѓаат луѓе кои речиси кон никого немаат искрено чувство за љубов.
Бик
Биковите не се љубители на самоуверени луѓе. Никој не сака кога некој го истакнува најдоброто од себе, а доколку јавно ги понижите, тие нема ништо да ви речат, туку само ќе ве мразат длабоко од душата.
Рак
Иако е чувствителен, Ракот е способен да мрази сè околу себе, доколку не се чувствува сакано. Кога другите ќе го повредат, многу се лути и тоа го покажува на пасивно-агресивен начин.
Девица
Луѓето родени во знакот на девица не поднесуваат луѓе кои се однесуваат спротивно од нивните желби и совршености. Кога ќе почувствуваат недостаток на почит, веднаш се повлекуваат и ве прецртуваат од листата на пријатели.
Шкорпија
Шкорпиите важат за сомнителнии луѓе. За нив важи „никој не е виновен додека не се докаже вината“. Многу лесно можете да ги повредите, а да не сте свесни дека тоа сте го направиле. Секогаш се подготвени за одмазда и ќе ја направат тогаш кога најмалку ќе се надевате на тоа.
Јарец
Јарците се најгорделиви и највредни од сите знаци, па затоа мразат кога некој ќе го доведе до прашање нивниот професионализам. Сметаат дека знаат што работат и не им е драго кога некој го проверува секој нивни чекор. Најмногу мразат кога некој им се спротиставува.
Водолија
Водолиите мразат измами. Не можат да поднесат лицемерие и тоа ќе ви го кажат. Особено лошо реагираат кога некој им сугерира дека можат да променат нешто кај себе и веројатно многу лошо ќе се скараат со вас за тоа.