Овие пет намирници не се печат во рерна, го губат вкусот

352 прегледи

Unsplash

Некои луѓе сакаат да експериментираат со храната и да подготвуваат необични комбинации. Но, авантуризмот во кујната често не оди рака под рака со гурманскиот поглед на храна.

Овие намирници, никако не треба да ги печете во рерна.

Авокадо

Ова тропско овошје треба да го држите што понастрана од оган и да го јадете свежо, сметаат готвачите.

Што подолго се грее, тоа побрзо ќе ја изгуби ладната, препознатлива кремаста структура. Со долго готвење или печење ја губи и убавата боја и станува кашест.

Чаден лосос

Иако може да поднесе кратка термичка обработка, не би требало да го ставате во манџи од компир или тестенини и печете во рерна.

Готвачите го греат кратко на тавче или ставете го на крајот од рецептот. Со печењето ќе се исуши и ќе стане тврд.

Мајонез

Мајонезот се подготвува од свежи жолчи и масло и таков треба да остане – ладен. Се разбира дела топлината на загреаниот леб или компир не смета, но би требало да избегнувате ставање мајонез во колачи, маринади или јадења кои долго се приготвуваат.

Освен што може да ја смени текстурата, тешко ќе го најдете совршениот вкус на јадењето во мајонезот кој долго се крчка.

Кисели краставички

Киселината која го држи јадењето, го чисти непцето и отвара други вкусови подобро се добива со додавање на сирење или лимонов сок, отколку со краставички.

Самата помисла на сушени краставички за повеќето луѓе не буди позитивни асоцијации, затоа држете ги што подалеку од рерната.

Зелена салата

Салатата на висока температура ќе се исуши и ќе ја изгуби структурата.

Слични содржини