Кипар, Малта и Исланд се трите европски земји кои најдобро се спротивставија на коронавирусот. Тие имаат вкупно 30 смртни случаи и имаат две заеднички работи. Сите три се островски земји, а мерките што ги воведоа се многу слични.
Оваа недела кипарската влада дозволи пливање во морето за прв пат од март, а на жителите им беше дозволено да ја напуштат куќата до три пати на ден, наместо еднаш како порано. Сите четири земји, барем досега, постигнале импресивни резултати во борбата против вирусот.
Кипар ги затвори училиштата на 11-ти март и забрани големи собири во затворени простории, ги прекина меѓународните пристигнувања со авион на 21-ви март, а подоцна воведе и полициски час. Мерките се чини дека биле ефективни, бидејќи само 15 луѓе починале на островот.
Кипар е исто така меѓу десетте земји во светот во однос на бројот на тестирани лица во однос на вкупното население, покажуваат податоците на веб-страницата на „Worldometer“.
Поради малата густина на населението, Исланд не воведе ниту карантин, а вкупно 10 луѓе починаа таму од Ковид-19. Наместо тоа, воведени се необврзувачки ограничувања и упатства за ограничување на собирите, најпрво на 20, а од понеделник на 50 лица. Кјартан Хреин Њалсон, помошник директор на исландската здравствена агенција е недвосмислен за методот со кој Исланд го запре ширењето на инфекцијата.
„Следење на контактите, раното откривање, карантинот, изолацијата и добрата лична хигиена. Тие упатства важат во Кипар, Исланд и Франција“рече Ниалсон.
Но, Њалсон признава дека земјите со помало население се во предност.
„Тоа им помага на луѓето да се мобилизираат и да соработуваат. Има само 360 илјади од нас, што ни дава можност да градиме чувство за заедница“, наведува тој.
Константин Макрис, професор на Кипарскиот технолошки универзитет, се согласува.
„Населението на островот е похомогено, така што комуникацијата е полесна“ рече тој и додаде дека техничките прашања поврзани со тестирањето се полесни за помалите нации.
Малта има трет најдобар однос на смртни случаи кај популацијата, а само пет лица починале од коронавирусот во таа земја.Таа е многу густо населена, со 1.375 жители на квадратен километар.
Единствениот малтешки аеродром бил затворен на крајот на март, а државата сè уште не ги олеснила мерките, но планира да го стори тоа постепено наскоро.
Професорот Макрис предупредува дека во период на ублажување, важно е „да се размислува за густината на населението“. Дури и ако Кипар продолжи успешно да се бори против вирусот, ќе остане многу тешко да се отвори кон светот. Ова има големи импликации за туристичкиот сектор, важни и за исландската и за малтешката економија.