Овие три хороскопски знаци ги очекува финансиска добивка во следните две недели

од Stefanija Kuzmanovska

Месечниот хороскоп за октомври 2022 година предвидува изобилство на пари за три хороскопски знаци. Идеите што ги имале ќе почнат да се реализираат, а успехот нема да изостане. Од друга страна, некои нема да мора да кренат прст, а ќе бидат опсипани со пари. Доаѓаат обештетувања и наследства, а на некои ќе им се насмевне и среќата во игрите на среќа.

БИК
За Биковите, следните две недели во финансиска смисла се еден од најдобрите периоди оваа година. Среќата конечно им се насмевна и покрај редовните примања, буџетот можат да го подобрат преку игри на среќа, но и враќање на некои стари позајмици. Со други зборови, претставниците на овој знак ќе се најдат преоптоварени со пари! Сепак, главната пресвртница во нивните животи ќе биде одлучувањето како да ги потрошат тие пари. Ако сте размислувале да купите автомобил или да инвестирате во приватен бизнис, сега е идеалното време.

СКОРПИЈА
Скорпиите задоволно ќе ги тријат рацете во следните две недели. Пари на кои не се надевале ни во најлудите соништа, некаков вид на компензација, наследство и слично, ќе пристигнат „во вреќи“! Одеднаш ќе се појави некој далечен роднина кој ќе сака да им подари нешто вредно. Скорпии, бидете само мудри и не трошете се наеднаш. Прво отплатете ги долговите, а остатокот оставете го на страна. Парите одат на пари, не заборавајте!

ДЕВИЦА
Девиците имаат одлична можност да соберат големи пари. Цело време се на дофат на успех на работа, но еден повик ќе промени сè – „машината“ е стартувана, нивните предлози се прифаќаат и пристигнува финансиска добивка. Совет до Девиците е дел од овие пари да ги вложат во следниот проект кој веќе го разработиле. И нив ги очекува истиот успех! Останатото нека го потрошат исклучиво на себе! Ти го заслужи тоа!

Слични содржини