Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14.004, бројката на оздравени пациенти е 10.722, на починати е 585, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.697.
Податоците на Институтот за јавно здравје заклучно со 23 август покажуваат дека Штип, Свети Николе и Куманово се со најмногу заразени со Ковид-19 на 100 илјади жители.
“Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Штип (2.103,5/100.000), Свети Николе со 1.340,7 на 100.000 жители, Куманово (965,7/100.000), Скопје (922,2/100.000), Ресен (892,9/100.000), Дебар (868,3/100.000), Струга (803,2/100.000), Демир Хисар (716,2/100.000), Гостивар (617,9/100.000), Македонски Брод (616,2/100.000), Тетово (594,7/100.000) и Охрид (579,2/100.000), додека инциденца со над 250 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Пробиштип, Кичево, Прилеп, Кавадарци, Велес, Виница, Берово и Кочани“.
Според вчерашната статистика дистрибуцијата по градови е следна: Скопје 5.821, активни 847, Куманово 1.420, активни 371, Дебар 243, активни 78, Штип 1.119, активни 214, Прилеп 435, активни 92, Тетово 1.202, активни 179, Струга 553, активни 59, Велес 265, активни 26, Битола 199, активни 41, Охрид 331, активни 30, Кавадарци 173, активни 71, Гостивар 761, активни 269, Гевгелија 42, активни 21 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци), Струмица 59, активни 21, Крива Паланка 39, активни 11, Радовиш 41, активни 12, Крушево 16, активни 0, Кочани 138, активни 25, Пробиштип 78, активни 19, Демир Хисар 60, активни 17, Македонски Брод 70, активни 20, Пехчево 15, активни 9, Берово 50, активни 41, Валандово 8, активни 1, Виница 64, активни 36, Делчево 46, активни 40 (10 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица), Кратово 16, активни 1, Свети Николе 281, активни 58, Кичево 268, активни 75, Ресен 146, активни 0, Неготино 45, активни 13 (10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија).