Овие три знаци од Зодијакот се најголеми кукавици

од desk2
170 прегледи

Овие три знаци од хороскопот се големи кукавици кои бегаат од опасност колку што ги држат нозете.

Рак

Припадниците на овој хороскопски знак се најголеми кукавици. Драги ракови, вие немате конкуренција. Иако повремено глумите бестрашност, доволно е некој од зад грб да ви пријде и вие веќе сте се закачиле на лустер. Не треба да се спомнува дека се плашите од темница и дека тој страв не престанува со тоа што сте возрасни сега. Признајте дека спиете со запалено светло, затоа што којзнае што демне од шкафот.

Риби

Мора да се признае дека спаднавте на второ место по раковите по кукавичлук. Ракот ве „шие“ за само 0,5 бода. За едно сепак мора да ви се оддаде признание, во кризни ситуации вие многу отворено го покажувате својот страв, не се срамите. Браво! Во некои ситуации кои не се баш пријатни, на вас и Усеин Болт може да ви позавиди во спринт.

Вага

Не е дека се неустрашиви, иако овој текст смртно ќе ве навреди. Признајте дека бегате од конфликтни ситуации и незабележително ќе се извлечете. Инсектите и влекачите ви гарантираат паничен страв со својата појава, затоа пролет не ви е омилено годишно време. Сепак, кога „срцето ќе ви слезе во петици“, вие тоа најдобро знаете да го камуфлирате.