Испукани усни се честа појава во зима. Тоа се случува поради ладниот и сув ветер. Кератинот, кој го создава горниот слој на кожата, ја губи својата флексибилност, па усните се воспалуваат, пукаат и се лупат.
Не лижете ги усните
Многумина кои го имааат овој проблем ги лижат усните. Повторното лижење ги отстранува масниот површински слок кој ги штити усните од губење на влагата, што доведува до нивно пукање. Ензимите во плунката исто така можат да ги надразнат усните.
Користите балзам за усни
Балзамот за усни има ублажувачки својства и ја измазнува површината на кожата.
Нанесете го неколку часа пред спиење. Особено доколку сте настинати бидејќи тогаш дишете преку уста и ја сушите.
Внимавајте што има во него
Балзамите за усни можат во себе да содржат ментол. Иако создава пријатно чувство, тој ја надразнува кожата и ги суши усните. Некои кармини исто така можат да ги сушат усните.
Не заборавајте ниту на кожата – третирајте ја со квалитетна хидратантна крема.