Овој „Бугати“ може да се вози, а направен е од ЛЕГО коцки!

од desk2
111 прегледи

Освен металната конструкција, сите делови на овој автомобил „Бугати“ се направени од ЛЕГО коцки, вклучувајќи ги светлата, вратите, менувачот на брзини, сопирачките…

Биле потребни повеќе од еден милион ЛЕГО коцки и 2.300 играчки мотори за екипата на компанијата ЛЕГО да ја состави функционалната реплика на еден од најбрзите автомобили на светот. 

Во него можат да седнат две лица, а секој може да го изработи дома!

Од компанијата ЛЕГО тврдат дека „ги поместиле границите на возможното“, а помалата верзија (која не може да се вози) може да се направи дома за само 350 долари.

ЛЕГО „Бугати“ е тежок 1.500 килограми, може да достигне брзина од 19 километри на час и поседува 5,3 коњски сили. За споредба, вистинскиот „Бугати Чирон“ достигнува брзина од 420 километри на час, има 1.479 коњски сили и чини околу три милиони долари.

Слични содржини