Овој егзотичен плод многу ќе ви помогне на сонот!

од Vladimir Zorba
87 прегледи

Две киви еден час пред спиење дејствуваат како средство за спиење, пишува “Дејли мејл”. Егзотичниот плод го забрзува заспивањето и научниците се уште не утврдиле каква е причината за ова негово дејство. Тие претпоставуваат дека киви влијае на нивото на антиоксидансите и на серотонинот во човечкиот организам.

Експерти од Медицинскиот универзитет во Тајпеј спроведоа експерименти со 24 волонтери кои консумирале киви пред спиење. Сонот им се покажал повеќе здрав и се продолжил. Во текот на тестовите било утврдено дека волонтерите на киви режимот заспиваат за кратко време во споредба со останатите.