Јарците се меѓу знаците кои не ги следи најдобра репутација. Во пошироката јавност тие се познати како ладни, крути, контролори и злопамтила. Промислени и песимисти, се стремат кон сигурност и висока социјална положба за да не бидат подредени на никого.
Дури и најмалото отстапување од рутината може да ги исфрли од колосек и да предизвика нервен слом. Поради нивниот сериозен пристап кон животот, некои им препишуваат недостаток на смисла за хумор и неправедно ги прогласуваат за здодевни.
Еве ги најчестите стереотипи за Јарците кои се целосно или делумно вистинити:
„Не се смешни“
Првото од нив е тврдењето дека не се смешни. Вистината е дека нивниот хумор е често интелектуален и затоа дел од публиката погрешно го разбира. Јарецот знае да го насмее целото друштво со остри, понекогаш цинични и црни шеги и потсмевки. Посебно е талентиран за кажување шега, притоа одржувајќи сосема сериозен израз на лицето. Тоа е уште една причина зошто некои не ги препознаваат духовитите извици на Јарецот како хумор!
„Ладни и нечувствителни“
Тие не се ладни, туку воздржани и во длабочините на душата силно ги преживуваат искуствата. Можеби нема да пушти солзи со вас, но ќе биде рамо за плачење и одличен советник. Тие добро ќе размислат како најдобро да го решите проблемот. Објективно ќе ја погледне ситуацијата и ќе ви понуди решение на кое можеби никогаш не сте помислиле, бидејќи на сè пристапува од долгорочна перспектива.
„Само работи и не се забавува“
Токму тој е работохолик и фокусиран на работа и искачување по хиерархија. Тој е посветен и вреден работник кому му се допаѓаат опипливите резултати од неговите напори. Од друга страна, тој е способен да се опушти, да се одмори и да ужива во плодовите на својот труд. Ќе се почестат со убава вечера, патување до дестинација со богато историско наследство, со часови ќе ја читаат омилената книга или ќе разговараат со пријателите. Разликата меѓу него и другите е што тој не се фали за она што го прави во слободното време.
„Не толерира промени“
Овој стереотип е делумно вистинит. Му се допаѓа сигурноста на рутината и чекорењето по зацртаниот пат, но ако е убеден дека нешто ново е добро за него, нема да се двоуми да го прифати. Јарецот има нешто од револуционерниот Уран, планетата што го симболизира истражувањето на нови можности.