Овој минерал е одговорен за ниската смртност од коронавирус во земјите од Далечниот исток

од Stefanija Kuzmanovska
538 прегледи

Борбата против пандемијата на коронавирус сè уште трае, а последните податоци покажуваат дека земјите од Далечниот исток бележат најдобри резултати. Само 29 лица од вкупно шест милиони жители починаа во Сингапур, што експертите му го припишуваат на еден моќен минерал – јодот.

Имено, популацијата од овој дел на светот е позната по тоа што ги внесува пропишаните количини на јод, со што се зголемува имунитетот, што доведува до зачудувачки резултати, не само во Сингапур, туку и во околните земји, предводени од Јапонија. Ова е во целосна согласност со испитувањето спроведено во Националниот центар за ревматологија во Холандија.

Тимот предводен од професор д-р Верхесен, анализирајќи ги податоците за бројот на жртви во светот предизвикани од Ковид-19, заклучи дека количината на внес на јод има значително влијание врз стапката на смртност.

Како пример, тој наведува дека епидемиолошките податоци покажуваат дека сегашната пандемија на Ковид-19 во Јапонија и други земји познати по големиот внес на јод имаат многу ниска стапка на смртност од Ковид-19 во споредба со другите земји.

Јодот треба да се внесува преку храна и најмногу се наоѓа во алги, морска риба и кујнската сол.

Дневниот внес на јод треба да биде од 1,5 милиграми до 2,4 милиграми по лице.

Оптималното внесување на јод може да стане еден вид „вакцинација“, што нагло го намалува ризикот од развој на болеста.

Слични содржини