Овошен тарт со банани

од desk2
269 прегледи

Направете го овој десерт на единствен начин, гарантираме ќе ви се допадне!

СОСТОЈКИ:
2 пудинга од чоколадо
2 пудинга од слатка павлака
шеќер за пудинг
500 гр банани
100 гр мелени бисквити
50 гр кокос
1 готово лиснато тесто
200 мл слатка павлака
1 л млеко
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
На плех со пречник од 22 см ставете хартија, па развлечете тесто и печете на превртен плех на 200 степени околу 25 минути.
Згответе ги посебно двата пудинга во млеко и засладете по вкус. Во чоколадниот дел додајте мелени бисквити, а во светлиот додајте кокос и добро изедначете.
Во печениот калап ставете го чоколадниот дел, па наредете цели банани, од горе светлиот пудинг и убаво израмнете.
Кога ќе се излади ставете разматена слатка павлака. Оставете да се лади 2-3 часа во фрижидер и послужете.
Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Слични содржини