Озил во нов клуб: „Сакам само да играм“

од Vladimir Zorba
208 прегледи

Светскиот шампион од 2014 година, Месут Озил беше претставен како фудбалер на Истанбул Башакшехир. 33-годишниот играч од средниот ред го засили тимот како слободен играч откако му беше раскинат договорот со гигантот Фенербахче.

„Мојата цел е тие да играат фудбал. Затоа мислам дека сум на вистинското место“, изјави поранешниот германски репрезентативец.

Тој имаше проблеми во „фенерите“ бидејќи се скара со тренерот и управата и немаше играно од март.

Претседателот на Истанбул Башакшехир, Ѓоксел Ѓумушдаг објави дека договорот е на 1+1 година на барање на самиот фудбалер.

„Месут нема да добива повеќе од своите соиграчи. Му благодариме што направи отстапки“, додаде газдата.

Слични содржини