Падна одлука – Села го одбра ДУИ

од Симе Стоиков

Зијадин Села со крилото на Алијанса за Албанците на претстојните парламентарни избори ќе оди во коалиција со „Европскиот фронт“ предводен од ДУИ.

Ова е одлуката ја донесе вечерва Централното собрание на состанокот во Скопје кој заврши пред неколку моменти.

Од присутните 116 делегати на Централното собрание чиј претседател е Села, само еден делегат гласал против коалицирање со ДУИ, четворица биле воздржани додека останатите 111 делегати гласале „ЗА“.

Актуелниот заменик министер за одбрана, Тирон Јајага, е избран за шеф на изборниот штаб, а Села очекува на претстојните парламентарни избори да освојат најмалку пет пратенички места.

Тој пред седницата посочи дека Алијансата за Албанците била доведена во ситуација денеска да одлучува или да биде дел од некоја коалиција или да ги бојкотира изборите бидејќи, имајќи ги во предвид, како што наведе, проблемите кои им се случија во врска со печатот на партијата и спорот во судот, бидејќи роковите за да одат со независни листи се веќе поминати.

Слични содржини