Падна првиот снег на Попова Шапка

од desk2
86 прегледи

Во зимскиот центар Попова Шапка денеска може да се забележи снег, додека студениот воздушен бран, под чие влијание е Македонија, во градовите се рефлектира само со ниски температури.

Сепак, овој бран сериозно го најави доаѓањето на зимата.

Снег претходно за прв пат падна и на Пелистер, а утрово, како што може да се види, е забелен и врвот на планината Скопска Црна Гора.