Палестинецот Абделкарим ал Кафарна открил древни гробници во дворот на неговата куќа во Појасот Газа.

Според „Associated Press“ тој нашол девет гробници во кои биле најдени коски и глинени садови.
Археолозите во Газа сметаат дека гробниците се стари 2.000 години и дека припаѓаат на некогашни жители на римското царство.
Сепак нагласуваат дека е потребно да се направат дополнителни анализи за да се одреди точната старост на гробниците.
Абделкарим вели дека ги открил гробниците сосема случајно откако после обилни врнежи дожд дошло до лизгање на слој од земјиштето во неговиот двор.