Палестинец кој нема нозе и се движеше со помош на количка, убиен е во нападот на израелските сили за безбедност на Западниот брег.

Абу Турајех (29) застрелан е на истокот на Газа, а еден е од четворицата убиени Палестинци кои протестираа против одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим како престолнина на Израел, соопшти палестинското министерство за здравство.
Абу г изгубил нозете во 2008 година во израелски напад, но во бегалски камп во Газа.
„Повреден е во 2008 година во напад на израелски хеликоптери кои го целеа затоа што го турна израелското знаме и го подигна палестинското на граница. Тоа не го спречи да протестира за Ерусалим. Секој ден одеше сам до граница“, вели неговиот брат Самир.
Социјалните мрежи преплавени се со фотографии оф Абу, а на една снимка Турајех вели „ова е наша земја“. „Нема да отстапиме. Америка мора да ја повлече одлуката“, вели тој.
За себе и за семејството заработуваше миејќи стакла на автомобилите.
https://www.youtube.com/watch?v=P6Et_Py1_94