Палестинскиот амбасадор во Белград: Преместувањето на амбасадата е во спротивност со меѓународното право

од Nikola Popovski
201 прегледи

По повод изјавите од Вашингтон и Израел за намерата на Србија да ја премести својата амбасада од Тел Авив во Ерусалим, палестинскиот амбасадор во Белград, Мохамед Набхан оценил дека, доколку се случи, тоа е во спротивност со меѓународното право и резолуциите на ООН поврзани со палестинското прашање.

Тој во соопштението за медиумите навел дека Ерусалим е окупиран град и дека таквата намера му штети на правото на палестинскиот народ да основа своја држава на сите територии што Израел ги окупираше во 1967 година, вклучувајќи го и Ерусалим.

Покрај тоа, било проценето дека ова ќе го наруши традиционалното пријателство меѓу Палестина и Србија и нема да му служи на неговиот развој.

Амбасадорот Набхан, кој се смета за пријател на Србија и српскиот народ, како што е наведено, изразил надеж дека пријателска Србија ќе се огради од тие изјави, пренесуваат српските медиуми.

Слични содржини