Палмер: Македонската влада подобро да се справи со корупцијата, проблемите со Бугарија да се решат билатерално

од Nikola Popovski

„Борбата против корупцијата е една од основните вредности на членките на НАТО Алијансата. Ние очекуваме Владата на Северна Македонија да направи подобра работа во борбата против корупцијата. Граѓаните на Северна Македонија го очекуваат тоа од нивната Влада“, изјавил Заменик-помошникот државен секретар на САД, Метју Палмер за „Гласот на Америка“.

На прашањето како ги коментира заканите од Бугарија со безбедносни служби да ги средува наводните проблеми на бугарската дијаспора во државата, Палмер рече:

„Она што сакаме да го видиме е Северна Македонија и Бугарија преку дијалог да ги решат прашањата во билатералните односи, да ги држат тие проблеми надвор од мултилатерални формати, вклучувајќи го НАТО, и конкретно сега Европската Унија. Сигурно никој не сака да види еден НАТО сојузник, НАТО партнер да му се заканува на друг“.

Според него, важно е државата да организира попис согласно стандардите на Евростат, повикувајќи ја опозицијата да не бојкотира и да ја извршува работата за која ја избрале граѓаните.

„Важно е опозицијата да се појави во Парламентот, да ја извршува нејзината работа, да ги претставува интересите на нејзините гласачи, луѓето кои ја избрале да ги застапува нивните интереси. Бојкоти, блокади, неизвршување на нивната работа, ништо од ова не води до прогрес“, рече Палмер.

Слични содржини