Памела ја објави првата фотографија со 22 години постариот сопруг

Актерката Памела Андерсон на социјалните мрежи ја објави првата фотографија со филмскиот продуцент Џон Петерсон.

 

Една од најпознатите Плејбој зајачици ја изненади јавноста откако минатата недела кажа „Да“ по трет пат и се омажи за Џон. Тие, всушност, се познаваат цел живот, но дури сега се одлучиле за големиот чекор.

Памела и Џон се венчаа тајно во Малибу по многу кратка романса, а на интимната церемонија присуствуваа и нивните деца. Веста ја потврди самиот Џон кој изјави дека тој и Памела се заедно неколку месеци.

– Насекаде има прекрасни девојки. Можев да бирам, но, 35 години ја сакав само Памела. Таа ме прави див, на добар начин. Ме инспирира, ја заштитувам и ја третирам на добар начин – изјавил Џон.

Памела до минатото лето беше во врска со фудбалерот Адил Рами, за кој се зборуваше дека ќе и биде сопруг. Меѓутоа, се испостави дека Адил ја изневерувал со поранешната сопруга па таа врска заврши неславно.

Слични содржини