1,3K
Актерката Памела Андерсон во последно време не е претерано активна на социјалните мрежи, па нејзините фанови беа изненадени од новата фотографија што ја објави.
Имено, Памела позираше во црвен едноделен костим за капење, кој е сличен на оној што го прослави во серијата „Baywatch“.
Згодната актерка позираше на плажа, а многу фанови забележаа колку одлично изгледа.
„Иконски“, „Изгледаш совршено“, „Најубавата жена на светот“, „Ти благодариме што ни покажа дека можеш да изгледаш добро и во 50-тите“, „Воопшто не си променета. Ти си како вино “, напишаа луѓето под фотографијата која собра над 200.000 лајкови.