Веќе некое време не се зборува за љубовниот статус на најпознатата русокоса, Памела Андерсон, но се шпекулира дека 53-годишната жена паднала во прегратките на блиска личност.

Имено, „Пипл“ пишува дека таа е романтично поврзана со нејзиниот телохранител Ден Хејхурст, а извор потврдил дека парот цело време го поминувале заедно во карантин и дека почнале да се гледаат кратко откако таа се разведе од продуцентот Џон Питерс во февруари по само 12 дена брак.

– Таа е многу среќна. Заедно се за време на цела пандемија. Таа е пресреќна и тој и помага да го среди својот дом на островот Ванкувер – рекол извор за наводната свежа врска на поранешната Плејбој зајачица, која има пет брака зад себе.

Да потсетиме, Памела Андерсон, позната по улогата во култната „Чувари на плажа“, во февруари објави дека се разведува од сопругот Џон Петерс. Разводот од 22-години постариот продуцент следеше по само 12 дена брак. Двојката беше во врска пред 30 години, аја легализираа својата врска во Малибу.

– Насекаде има убави девојки, би можел да ја имам секоја што ја посакувам, а ја чекав Памела веќе 35 години. Таа ме прави див, на добар начин – изјави Питерс за ТМЗ.

Патем, овој продуцент е најпознат по неговата работа на двете верзии на филмот „Sвездата е родена“, од 1978 и 2018 година, како и филмот „Флешденс“. Интересно е што ова е петти брак и за Памела и за Џон. Таа беше мажена за Томи Ли, Кид Рок и двапати со Рик Соломон. Питерс беше во брак со актерката Лесли Ен Ворен и продуцентката Кристин Форсит-Петерс, меѓу другите, и е познат по својата долгогодишна врска со Барбра Стрејсенд.

– Нема будала, како стара будала. Сè беше лага, вклучувајќи ја и нејзината порака дека сака да се омажи иако во тоа време бев свршен со друга дама. Оставив сè за неа, и ги платив дури 200.000 долари долгови – изјави Питерс по разводот за медиумите, кои напишаа дека Памела по ден и половина сфатила дека бракот не е за неа.

Слични содржини