Памела за дечкото фудбалер: Секс пред натпревар? О, да…

од Vladimir Zorba

Можеби има 50 години, но Памела Андерсон изгледа како многу помлада. Тоа ѝ го кажува и нејзиниот нов дечко – фудбалерот на Марсеј, Адил Рами. Тие се заедно речиси една година, но никогаш порано не зборувала за нивните односи пред медиумите. Но за се има прв пат. Актерката и модел даде пикантно интервју во кое сподели понешто од заедничкиот живот со 18 години помладиот од неа фудбалер.

„Не ме загрижува разликата во годините. Една жена може да е секси во секоја фаза од животот. Адил понекогаш ми вели дека изгледам како 30-годишна. Смета дури дека има помлади девојки кои не изгледаат толку добро“, вели Памела.

„Свесна сум дека еден ден се меѓу нас ќе заврши, но затоа сега уживаме во она што го имаме, додека сме заедно и додека можеме. Ако некој ден тој ме погледне и каже „Уф“, јас ќе си заминам во моментот“, додава актерката.

„Комуницирамесо јазикот на телото и оној на љубовта, затоа што тој не зборува многу добро англиски, а јас не се справувам со францускиот. Секс пред натпревар? О, да, го правиме тоа!“, раскажува во смеа Памела.

Слични содржини