Паметната јакна на Levi’s и Google во продажба од следната недела

од desk2
109 прегледи

Компанијата Levi’s во соработка со Google разви паметна јакна, која ќе биде достапна во продажба од 2 октомври.
Јакната има уред како манжетна на левиот ракав кој е поврзан со смартфон и овозможува интеракција со мобилниот. Првенствено е наменета за велосипедистите.


Јакната е пврзана со смратфонот по пат на апликацијата Jacquard, која е компатибилна со уредите кои користат оперативни системи Android и OS. Мажнжетната овозможува примање пораки, пренасочување на повикот на говорна пошта, слушање навигасски упати во текот на возењето, управување со музички плеер и друго. Полнењето на манжетната се одвива со помош на USB, а батеријата трае две недели. Секако таа може да се отстани од ракавот.

Манжетната е компатибилна со Android 6.01 или понови, додека корисниците на iOS-a мора да имаат iPhone 6 или понов оперативен систем iOS 10 и iOS 11.
Цената на јакната е 350 долари.