Пандев погоди за важен триумф на Џенова

од Vladimir Zorba
96 прегледи

   Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев го постигна единствениот погодок на синоќешниот дуел во Верона со кој неговиот клуб Џенова забележа важен триумф во борбата за опстанок во Серија А.

За Македонецот ова беше прв гол оваа сезона во Италијанското фудбалско првенство.

Пандев реализира во втората минута од судиското надополнување во првото полувреме, а беше заменат во 64. минута.

Џенова со новите три бода по 15. рунди во Серија А има 13 бодови и е на 15. место, додека Верона остана на претпоследното (19. место) со девет бода.

 

https://youtu.be/Q2tM7jiuJ9s