Капитенот Горан Пандев го одигра последниот натпревар за Македонија во поразот од Холандија од 3-0
„Срцето ми е полно, нема поубаво нешто да играм за светиот дрес на едно големо натпреварување. Цела Македонија застана за нас. Јас сум благодарен на сите, на цела јавност, на сите медиуми и новинари, на сите селектори, масери, доктори… Јас за Македонија го дадов максимумот и време е за крај. Повеќе од ова не можам! Ова е моја конечна одлука, така се чувствувам. Тоа е вистината, не можам да продолжам да играм ако не сум сто отсто, а за мене на овие 38 години е премногу да играм на два фронта. Сега ќе бидам навивач, а убеден сум дека оваа генерација ќе се избори за Светско првенство. Им посакувам се нај нај, сега сите за нив ќе навиваме“, рече Пандев.
Пандев денеска доби овации на Амстердам Арена кога беше заменет во 65 та минута со 122 меча зад себе за Македонија, 38 гола, цели 20 години дел од националниот тим.