Пандев за натпреварот со Австрија: „Како да изгоревме во преголемите желби“

од Берта Китинска
255 прегледи

Една мала грешка е казана и натпреварот е загубен. Свесни сме за нашите грешки со Австрија и ќе ги поправиме тоа во натпреварот со Украина. Знаеме дека Украина е техничко добро подготвена репрезентација ќе биде тежок натпревар добро ги анализиравме и се подготвивме тактички. Треба да  бидеме перфектни ако сакаме да извлечеме поголем резултат. Дај боже да победиме и да ја оствариме првата победа на ЕП, вели капитенот на македонската фудбалската репрезентација Горан Пандев во гостувањето во “Студио 10“.

Тој вели дека слушањето и пеењето на химната предизвикало големи емоции како кај фудбалерите така и кај публиката на трибината која постојано ги бодрела.

-Како да изгоревме во преголемите желби во натпреварот со Австрија. Среќен бев за голот, но тој не помогна за да победиме.Без моите колеги тој немаше тоа да се случи, кажа Пандев.

Македонија во денеска ќе го одигра вториот меч на ЕУРО 2020 и тоа против Украина.  Мечот се игра во најраниот термин, со почеток од 15:00 часот по македонски време, повторно на Арена Наполитана во Букурешт.

Слични содржини