Панел дискусија за улогата на мажите во родовата еднаквост

од desk4
146 прегледи

 Улогата на мажите во родовата еднаквост е тема на панел дискусијата што денеска ќе се одржи во рамки на Недела на женски права и родова еднаквост.

На панел дискусијата е најавено учество на Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество и администрација, Фадил Зендели, претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот во Собрание на Република Северна Македонија, Даниела Рангелова, претседателка на Комисијата за еднакви можности во Собрание на Република Северна Македонија, Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ и Даниела Димитриевска, извршна директорка на Македонското женско лоби.

Попладне ќе се одржи панел дискусија на тема „Борба против насилството врз жените во политика“.

Организатор е Националниот демократски институт, а целта на оваа недела е унапредување на родовата еднаквост, но и да се поттикнат дискусиите, и да се дефинираат решенијата на проблемите со кои се соочуваат жените во секојдневниот живот.

Слични содржини