Лесен судир меѓу два авиони на Меѓународниот аеродром Пирсон во Торонто, се случил при маневрирање на патеката на еден од терминалите, пријави  канадскиот телевизиски канал CBC News.. Патниците на авионот на летот на Пакистанските меѓународни авиокомпании тврдат дека не слушнале ништо, кога авионот им закачил  со крилото на друга машина на францускиот авиопревозник “Ер Франс”, а паниката била формирана откако сфатиле дека нема да полетаат.

“Дури не сфатив дека крилјата на двата авиони се допреле”, раскажа еден од патниците на пакистанскиот лет.
Лет AF351 бил паркиран на терминал 3 на аеродромот кога маневрирал  пакистански авион  кој закачил крилото на другиот авион , објавеија  аеродромските власти.

Никој не е повреден во инцидентот, но незначителни судир предизвика сериозно забавување и за двете писти. Патниците требало да чекаат повеќе од 6 часа пред истражителите, по  инцидентот да ја завршат својата истрага