Паника во Англија: Гори фабрика за пластика (видео)

од Nikola Popovski

Голем пожар во фабрика за пластика недалеку од Бирмингем предизвика паника во Англија.

Густ црн чад може да се види на милји од местото на пожарот, а противпожарните служби издадоа предупредување за можни токсини во воздухот како резултат на горењето пластика.

Пожарот избувнал во индустриската зона во Бирмингем и 100 пожарникари се борат да го изгаснат.

Како што сведочеле работниците, тие прво слушнале серија мали детонации, најверојатно како резултат на пукање на канистер или резервоари за гориво.

Противпожарната служба издала предупредување за можни токсични материи и го предупредила локалното население околу фабриката да ги држат прозорците затворени.

Слични содржини