Уште  еден силен земјотрес е доста загрижувачки за граѓанит на Сантјаго .Потрес со интензитет од 6,4 степени по Рихтер  ги фрли во тотална паника жителите на чилеанската престолнина . Иако засега нема информации за сериозни оштетувања, локалците се многу загрижени, соопштија локалните медиуми, цитирани од Inews.

Земјотресот бил почувствуван не само во регионот на главниот град, но и во целиот централен дел на оваа јужноамериканска земја. Епицентарот бил на околу 45 километри североисточно  југоисточно од Сантијаго, а длабочината му била околу 90 км, објаснуваат од геофизички институт на САД. Според податоците на чилеанските служби сепак длабочината е поголема – над 120 километри.

Властите се категорични дека нема основа за загриженост од цунами по крајбрежјето.