Властите во Њујорк денеска подигнаа во воздух голем дрон за следење на водите околу популарната плажа Смит Поинт на Лонг Ајленд, откако три лица беа повредени во напад на ајкула овој месец.

„Њујорк и претходно користеше беспилотни летала за време на пожари и спасување, но сега тие ќе ги користат за да бараат ајкули во близина на плажите“, рече Стив Белони, претседател на округот Сафолк каде што се наоѓа Смит Поинт.

Овој месец имаше три одделни инциденти кај Лонг Ајленд.

Првиот се случи на 3 јули, кога спасител на плажа беше каснат од ајкула, но тој се опорави и се врати на работа.

Двајца пливачи беа нападнати во средата, њујоршкиот адвокат Шон Донели (41) рано утринава бил каснат за ногата од ајкула додека бил на чамец со веслање и бил однесен во болница откако локален ренџер му помогнал.

Плажата беше затворена неколку часа во средата, но беше отворена малку подоцна, бидејќи не беа забележани ајкули.

Трет човек вчера попладне бил нападнат од ајкула. Тој исто така бил пренесен во болница каде му била укажана лекарска помош.

Пред овие напади, плажата Смит Поинт немаше видено ништо слично откако беше отворена во 1959 година.

Слични содржини