Паника во САД: Членови на избирачките одбори добиле коверти со дрога 50 пати посилна од хероин

од Nikola Popovski
202 прегледи

Коверти со фентанил и други супстанции биле испратени до членовите на избирачките одбори во неколку држави во САД. Тоа е последната во низата закани со кои се соочуваат официјалните лица кои се дел од изборите.

Вакви писма се пријавени во најмалку три американски држави, Џорџија, Орегон и Вашингтон.

Меѓу оние кои примиле писма имало и членови на одборот од округот Фултон, Џорџија, кој ја опфаќа Атланта и се смета за еден од најголемите гласачки области во државата што може да одлучува за избори, пренесува „Voice of America“.

Државниот секретар Брет Рафенспрагер соопштил дека дози од противотров, налоксон, биле испратени до избирачките места како мерка на претпазливост.

„Ова е домашен тероризам и мора да биде осуден од сите функционери и оние кои сакаат да биде“, рекол републиканецот Рафенспрегер.

Властите во округот Лејн, Орегон истражуваат кој испратил писма со сомнителни супстанци во средата.

Ниту еден од членовите на одборот кои дошле во контакт со пликовите не претрпел никакви негативни здравствени ефекти, соопштила Девон Ешбриџ, портпаролка на изборната единица Лејн.

Официјални лица во државата Вашингтон објавија дека четири избирачки места биле евакуирани во средата поради закани, што го одложило пребројувањето на гласовите.

Членовите на одборот во окрузите околу Сиетл добиле писма со сомнителни супстанции, вклучително и фентанил. Во еден случај било откриено дека станува збор за сода бикарбона.

Членовите на Изборниот одбор на округот Пирс, исто така, добиле порака што „се однесувало на прекинот на гласањето“, истакнал портпаролот на полицијата Вилијам Муз.

Тој додал дека „не е воспоставена врска со ниту еден кандидат, верска група или политичко прашање“.

Државниот секретар на Вашингтон, Стив Хобс оценил дека станува збор за „акт на тероризам бидејќи изборниот процес е загрозен“. Американското Министерство за правда и американската поштенска служба објавија дека истражуваат што се случило.

Фентанил е дрога која е 50 пати посилна од хероинот и предизвика невиден број на смртни случаи од предозирање во САД. Сепак, се покажа дека ризикот од смрт кога дозите се ниски е многу низок.

Слични содржини