Папата бесен: Жена ме замоли да го благословам нејзиното бебе, а потоа ми подаде куче

од Stefanija Kuzmanovska
305 прегледи

Создавањето семејство во Италија станува „гигантски потфат“ кој можат да си го дозволат само богатите, рече во петокот папата Франциск, предупредувајќи дека „немилосрдните“ услови на слободниот пазар ги спречуваат младите да имаат деца. Бројот на родени во Италија падна под 400.000 за прв пат во 2022 година. Земјата бележи пад на наталитетот 14-та година по ред, а населението падна за 179.000, на 58,85 милиони.

Говорејќи на конференцијата за растечката демографска криза, папата рече дека падот на раѓањата е показател за губење на надежта за иднината. Младите, предупреди тој, ги угнетува чувството на несигурност, кревкост и неизвесност.

„Тешкотиите при наоѓање и задржување на работа, екстремно скапите куќи, вртоглаво растечките кирии и во исто време недоволните плати се вистински проблеми, рече папата Франциск, кој седеше до премиерката Џорџа Мелони.

„Слободниот пазар, без неопходните корективни мерки, станува суров и создава многу сериозни ситуации и нееднаквости“, рече папата и додаде дека децата се заменуваат со домашни миленици.

Жена побарала да го благослови нејзиното бебе – куче

Тој раскажа како на една неодамнешна аудиенција една жена побарала од него да го благослови нејзиното „бебе“, за да подоцна сфати дека се работи за куче. Го изгубив трпението и ја прекорив велејќи: толку многу деца се гладни, а ти ми носиш куче“, рече папата.

Тој, исто така, призна дека постојат „речиси непремостливи ограничувања“ со кои се соочуваат младите жени кога избираат меѓу мајчинството и кариерата.

„Со оглед на тоа што се потребни се повеќе пари за одгледување деца, луѓето ги ревидираат своите приоритети“, рече папата, жалејќи што младите се борат да го остварат својот сон за семејство и се принудени да се откажат од своите желби и наместо тоа да се помират со просечни работи.

Слични содржини