Папата Франциск ќе се сретне со Бајден, Зеленски, Макрон и Ердоган во рамки на Самитот на Г7

од Илинка Илиоска
314 прегледи

Папата Франциск во рамки на Самитот на Г7 во јужното италијанско одморалиште Борго Ењација ќе одржи десет билатерални состаноци по учеството на состанокот за вештачка интелигенција, соопшти денеска Ватикан.

Ова вклучува средби со американскиот претседател Џо Бајден, францускиот претседател Емануел Макрон, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува италијанската новинска агенција АНСА.

По пристигнувањето, папата ќе биде пречекан од италијанската премиерка Џорџа Мелони. Тоа ќе биде прво во историјата присуство на римокатолички поглавар на работен состанок на Г7.

Слични содржини