Папата Францис изрази решителност да оди по “патот на единството” на христијаните , кој според него е единствениот верен избор, додека “патот на несогласувањата води кон војна и уништување”, пренесе Дојче Веле повикувајќи се на Ватикан. 

Изјавата на поглаварот на римокатоличката црква беше направено по средбата со рускиот митрополит Иларион – шеф на Одделот за надворешни врски на Московската Патријаршија.

Во името на христијанското единство, папата изрази подготвеност за дијалогсо рускиот Патријарх Кирил.

  Екуменското движење (движење за спојување на црквите – б. Р.) Е пат обединување на сите христијани, посочи папата Францис,и ги  повика претставниците на Руската православна црква да го  земат овој пат и да се  молат за дијалог.