Нобеловата награда за мир ќе биде доделена во петок, 6 октомври, во Осло, а победникот ќе се бира меѓу 318 познати и пријавени кандидати, од комисијата која ја именува норвешкиот парламент.

За разлика од добитниците, имињата на номинираните треба да се чуваат во тајност најмалку 50 години, сепак предлагачите во главно ги откриваат нивните имиња.
Чести се и дезинформациите, па така годинава меѓу номинираните се појавија и Џулијан Асанж, Леонардо ди Каприо, ЏО Кокс, Бугарската православна црква, Дејвид Боуви, Владимир Путин и Доналд Трамп.
Меѓутоа, Норвешкиот институт за истражување на мирот кој секоја година соопштува некои од номинираните, објави сосема друга листа.
Мохамад Џавад Зариф и Федерика Могерини.
Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф и високата претставничка на ЕУ за надворешни работи Федерика Могерини се сметаат за силни кандидати, затоа што посредуваа во Иранската нуклеарна спогодба.
Сириската цивилна одбрана и водачот Раед ал Салех
Групата која формално е позната како Сириска цивилна одбрана неколкупати е номинирана во последните неколку години. Групата несебично им помага на цивилите во земја во која повеќе години има војна.
Кан Дундар и Џумхуриет
Дундар кој живее во егзил во Германија беше колумнист и извршен уредник на секуларниот весник Џумхуриет чии неколку вработи се соочија со обвиненија за тероризам затоа што ја извршуваа својата работа.
Папата Франциск
Папата Франциск е еден од овогодишните фаворити заради неговиот силен став за прашањата за бегалците, сиромаштијата, социјалната правда и климатските промени. Комисијата наводно го предложила поради тоа што беше еден од ретките кои се спротивставија на Доналд Трамп.
Саудискиот блогер Раиф Бадави
Саудискиот блогер е уапсен во јуни 2012 година поради обвинување дека го навредувал исламот. Осуден е на 10 години затвор и 1.000 удари со камшик. Номиниран е за храброст, рационализам, слобода на говор и имплицитни критики на репресивниот режим.