Германската канцеларка Ангела Меркел рече дека папата Франциск ја охрабри да го зачува Парискиот договор за климатските промени и покрај повлекувањето на САД и дека го подржал нејзиното настојување да ги “руши зидови а не да ги гради”.
Меркел и Франциск одржале 40 минутен состанок во саботата во Апостолската палата. Фокусот на нивниот разговор бил самитот Г-20 кој ќе се одржи во Хамбург на 7 и 8 јули, јави АП.
Од Ватикан соопштија дека соговорниците разговарале за потребата меѓународната заедница да се позанимава со сиромаштијата, гладот, тероризмот и климатските промени.
Меркел на новинарите им рече дека го информирала папата за германската агенда за самитот Г- 20, за која истакнала дека “претпоставува дека ние сме свет во кој сакаме мултилатерално да соработуваме, свет во кој не сакаме да градиме зидови, туку да ги рушиме”.
Папата Франциск ги повика доследно на тоа земјите да градат мостови, а не зидови, алудирајќи на зидот кој администрацијата на Доналд Трамп сака да изгради на границата со Мексико. Меркел нагласила дека папата Франциск ја охрабрил да се бори за меѓународните договори, вклучувајќи го и Парискиот договор за климатските промени од 2015 година чија цел е да се намали емисијата на стаклените гасови.