Папата Франциско на сопругата на американскиот претседател Донад Трамп, Меланија на денешната средба во Апостолската палата и постави малку чудно прашање. 
Насмевнувајќи се папата ја праша првата дама на САД: „Што му давате да јаде, пица?“.
Меланија се насмевка и одговори: „Пица, да“.
На денешната средба на папата и Трамп присуствуваа освен Меланија и неговата ќерка Иванка со сопругот Џаред Кушнер, инаку советник на Белата куќа за трговија и Блискиот Исток, советникот за национална безбеднопст на САД, Херберт Рејмонд Мекмастер, советничката Хоп Хикс, помошникот Ден Скавино и надбискупот Георг Генсвајн.
По разговорот и откако двајцата се приклучија и останатите членови на американската делегација, папата Фрањо и Доналд Трамп разменија подароци.