Папата Францис ја осуди проституцијата како “тортура”, соопшти АП.
Тој побара прошка за сите христијани кои „купуваат “секс од жените , истакнувајќи дека мажите кои посетуваат проститутки, се криминалци со “болен ум” , кои мислат дека жените постојат за да бидат експлоатирани.
” Тоа не е љубов, тоа е мачење на жената, ајде да не ги збуниме концептите “, инсистираше тој.
Папата направи коментарите за време на четири часа средба со 300 млади кои се поканети во Рим оваа недела, за да помогнат на лидерите на црквата да научат што мислат децата денес за Католичката црква.
“Младите треба сериозно да се сфатат “, убеди Френсис.
Папата ги повика младите луѓе да се борат против трговијата со луѓе и принудна проституција.