Поглаварот на римокатоличката црква папата Франциск е прв папа кој венча две лица на церемонија во авион за време на лет.

Папата Франциск ги венча членовите на посадата на чилеанската авиокомпанија Латам во папиниот авион на лет од градот Сантјаго кон градот Икика на северот на Чиле.
Невестата Паола Подест и младоженецот Карлос Циуфарди рекоа „да“ на церемонијата во четврток наутро откако на папата му кажале дека граѓанското венчавање го направиле во 2010 гдоина, но црковно не биле во можност да направат поради земјотресот од 2010 година во Чиле.
https://twitter.com/The_Tablet/status/954005635296788480
Тогаш папата им се понудил да ги венча за време на летот, што двајцата прифатиле.
Младоженецот на излегувањето од авионот Airbus 321 им рече на новинарите дека папата му рекол дека тоа е „историска“ венчавка и дека ни еден папа порано не венчал двојка во авион.