ФТЦ на САД одлучи да наметне рекордна казна од 5 милијарди долари на компанијата Facebook за случајот поврзан со компанијата Cambridge Analytica, во рамките на кое се испитуваат нарушувања на доверливоста на податоците, пренесе ББС.

Комисијата ги испитува податоците дека консултантската компанија незаконски ги примила и ги користела податоците од 87 милиони корисницина социјалната мрежа.

Фејсбук и Федералната комисија за трговија им рекоа на Би-Би-Си дека дека немаат коментар за оваа тема.

Според Wall Street Journal, одлуката за паричната казна била одобрена оваа недела со гласовите на тројца од петте членови на комисијата.

Одделот за правда на САД мора да ја донесе конечната одлука , но не е јасно кога тоа ќе се случи.

Федералната трговска комисија започна истрага за Фејсбук во март минатата година.