Необичниот парк „Recycled“ во Ротердам настана по идеја од реката Ниеве Мас да се собере отпадот пред да дојде во Северното Море.

Пластиката која е извадена од реката, се рециклира, а од неа се направени платформи кои плутаат.
На врвот на платформата посадени се билки и дрвја, а поставени се и клупи за граѓаните на ротердам да може да ужуваат во плутачкиот парк. Долната страна е во вода, рапава е за на неа да може да се нафатат алги и подводни билки, а рибите имаат сигурно место за полагање јајца
Паркот е изграден од хексагонални делови, што значи дека и понатаму може да се надополнува и шири. Оваа идеја на Холанѓаните го одушеви светот.